Рецепт за сочни американски колачиња(cookies)
Меки,сочни превкусни.Дефинитвно можам да кажам дека ова е рецептот на денот.Лесни за правење,а превкусни-американски колачиња.
Состојки:
Состојки:
- 1/2 чаша шеќер
- 3/4 (околу 255гр.) кафеав шеќер
- 1 лажичка сол
- 1/2 чаша стопен путер
- 1 јајце
- 1 лажичка ванилин екстракт
- 1 1/4 чаши брашно
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 120гр. млечна чоколада
- 120гр. црна чоколада
Постапка:
- Најпрво со жица за матење се мешаат шеќерот,кафеавиот шеќер,солта и путерот.
- Кога добро ќе измешате додадете го јајцето и ванилиниот екстракт.
- Потоа додадете го просеато брашно со сода бикарбона.
- Во добиената смеса додадете ги чоколадите.
- Смесата оставете ја во фрижидер па формирајте топчиња кој потоа ќе ги печете 12-15минути на 180 степени.
Comments
Post a Comment